Фудбалска Битола е во шок, по настаните во неделата кога Пелистер во баражот беше поразен од Шкендија Арачиново, со кој овој тим испадна од ПМФЛ.
Во фудбалска Битола владее гнев. Јасно е дека ова е катастрофа за сите кои се во Пелистер, но најмногу за фановите.
Вечерва навивачката група Чкембари излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:
“По неколку (не)преспиени ноќи, по безброј направени кавги меѓу нас навивачите а и меѓу целиот град каде е кривицата за овај пораз не само на Пелистер туку и на цела Битола. И покрај јавните реакции, до последно дававме поддршка и верувавме дека ќе заврши колку толку позитивно оваа сезона. Но на се иди крај! Наредниот период ЌЕ ИНСИСТИРАМЕ НА:
1. Иако знајме дека договорите ви се направени со дискретционо право, ИНСИСТИРАМЕ во јавноста да се објават со име и презиме, сумата која им била испаќана и улогата во клубот на сите оние кои не се фудбалери, односно кои имаат било каква функција освен фудбалер. Да се тргнат прашањата и обвинувањата во јавноста, да се завршат рекла-казала муабетите, одважете се и објавете ги јавно!!!
2. Да се понеси одговорност и јавно да се соопшти кој ги одобруваше оваа сезона трансферите на фудбалерите. Самата селекција е најодговорна за она шо беше ,,прикажано” на терен. Кој го креираше тимот кој го играше најлошиот фудбал во цела лига? Која е улогата на гувернерот на Македонија Трајко Славевски во носењето на фудбалскиот анонимус Милан Стојановски?
Виновците за оваа катастрофа имаат име и презиме, овој пораз не е дојден сам од себе.
ОДГОВОРНОСТ ОД СИТЕ ДО ЕДЕН ШО ГО ДОНЕСОВТЕ КЛУБОТ НА ОВА НИВО!!“










