Австрија е сериозно ослабена, Баумгартнер отпадна за Мундијалот

38

Репрезентацијата на Австрија во пресрет на Мундијалот кој што се одржува во САД, Мексико и Канада, останува без еден од своите најдобри играчи, Криштоф Баумгартнер.

Звездата на Ред Бул Лајпциг се повреди на загревањето на синоќешниот пријателски дуел против Тунис во Виена, и дефинитивно е аут за претстојниот турнир.

Реално, Баумгартнер ја игра сезоната на кариерата, затоа што има импресивна клупска статистика од 17 гола и осум асистенции во Бундес лигата.

 

ПретходноЛиверпул и официјално тргна во преговори со Ираола
СледноИнцидент во 2018 година му става забрана на Емболо да влезе во САД!?