Вардар со долгорочен договор за кадетскиот репрезентативец Ѓорчески

64

Македонскиот ракометен кадетски репрезентативец, Марко Ѓорчески потпиша нов договор со тимот на РК Вардар. Со тоа клубот решава едно од отвофените прашања што се донесува до младите и перспективни ракометари.

Ѓорчески настапува на левата бековска позиција и ги покрива централните позиции во одбраната. Тој е дел од кадетската репрезентација на Македонија и беше еден од најдобрите играчи во генерацијата која го освои училишното првенство кое неодамна се одржа токму во нашата држава.
“За мене е особена чест и задоволство што станав дел од РК Вардар. Ова е сон на секој млад ракометар. Вардар е голем клуб со богата традиција и високи амбиции. Ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата на клубот, тренерите и навивачите. Со нетрпение го очекувам стартот на новата сезона, за мој максимален придонес за успесите на тимот”– изјави Ѓорчески.
Претходно„Денот на спортот“ во Кавадарци донесе 1.000 насмевки и голема енергија (ФОТО)
СледноЛиверпул и официјално тргна во преговори со Ираола