Последни вести од Шпанија: Јамал ќе биде спремен за стартот на СП!

23
ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB

Убави вести за сите во селекцијата на Шпанија, како и за фновите во таа земја во пресрет на стартот на СП. Закрепнувањето на Ламине Јамал ​​напредува многу добро, тврди весникот „Спорт“. Играчот веќе тренира нормално со своите соиграчи, следејќи го планот, а знаците се исклучително позитивни, според медицинскиот тим на репрезентацијата.
Се очекува Ламине Јамал ​​да биде достапен за првиот натпревар на Шпанија на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. „Црвената фурија“ ја започнува својата кампања во Северна Америка против Зеленортските острови на 15 јуни.

Крилниот напаѓач претрпе повреда на тетивата на 22 април и првичните прогнози беа доста загрижувачки, но на крајот играчот се опоравува според најпозитивните проценки. Весникот „Спорт“ додава дека селекторот Луис де ла Фуенте е апсолутно оптимист дека ќе ги има на располагање сите играчи кои во моментов се борат со физички проблеми. Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, е уште еден фудбалер кој покажа исклучително позитивен напредок во своето закрепнување и се очекува да биде подготвен за почетокот на Светското првенство во 2026 година.

ПретходноНов шок: И трета легенда на Ливерпул има проблеми со рак! (ФОТО)
Следно“Перез ѝ помогна на Барса со 400 милиони евра!“