По многу проблеми, дефект на авионот, полетувања па слетување брзо во Истанбул, конечно експедицијата на нашата А-репрезентација е во Скопје, каде што слета предмалку како што и беше најавено.
Да потсетиме дека вчера во Истанбул, македонската репрезентација во пријателски меч беше поразена од Турција со 4:0.
Враќањето беше закажано за утринава. Тоа и се случи, но само по некои 20-тина минути лет, авионот мораше да се врати во Истанбул поради дефект.
Откако беше јасно дека мора да се менува авионот, експедицијата мораше да почека, за да конечно околу 20 часот вечерва пристигне на скопскиот аеродром.










