Ford одбележува значаен јубилеј со производството на милионитата Ford Puma во фабриката во Крајова, Романија. Ова достигнување претставува важна пресвртница не само за компактниот кросовер, туку и за Ford во Европа.
Од своето лансирање, Ford Puma успеа да се наметне како еден од најпопуларните модели во европската автомобилска индустрија. Во 2025 година Puma беше најпродаваниот патнички модел на Ford во Европа, а воедно и најпродаваниот автомобил во Обединетото Кралство три години по ред – 2023, 2024 и 2025 година.
„Голема чест е да бидеме дел од ова достигнување. Секој ден сме сведоци на посветеноста и трудот што нашите вработени ги вложуваат во производството на секое возило. Производството на милионитата Puma е доказ за квалитетот, иновациите и вниманието кон деталите што го прават овој модел толку успешен”, изјави директорот на фабриката во Крајова.

Успехот на Puma се должи на внимателно избалансираната комбинација од атрактивен дизајн, практичност и возачко искуство. Моделот е достапен како EcoBoost Hybrid, како и во целосно електричната верзија Puma Gen-E, додека Puma ST Powershift нуди дополнително нагласени перформанси за љубителите на динамичното возење.
Покрај ефикасноста и забавата зад воланот, Puma се издвојува и со својата практичност. Иновативните решенија како MegaBox кај хибридната верзија и GigaBox кај Puma Gen-E обезбедуваат дополнителен простор за складирање без компромис во удобноста на патниците.
Токму комбинацијата од ефикасност, практичност, современи технологии и препознатлив карактер ја направи Puma еден од најуспешните модели на Ford во Европа и овозможи достигнување на оваа значајна бројка од еден милион произведени возила.
Со континуираниот развој на електрификацијата и растечката популарност на Puma Gen-E, Ford продолжува да ја гради успешната приказна на еден од своите најважни европски модели.
Сите заинтересирани за моделот можат да го посетат изложбениот салон на Гранд Ауто на бул. Босна и Херцеговина бр.1, Скопје и да закажат тест возење, за лично да ги искусат динамичните перформанси, напредните технологии и практичноста што ја направија Ford Puma еден од најуспешните модели на Ford во Европа.
За повеќе информации, проверете на https://ford.mk/










