По долги години играње во ВМФЛ, тимот на Саса од Македонска Каменица во следната сезона ќе игра во Трета лига – Исток. Ова доаѓа откако Саса беше поразена од Еуромилк со 1:2 во баражот во саботата.
Секако дека разочарувањето е големо во Македонска Каменица, а како капак на фудбалските фанови од други клубови си фаќаат сеир и си играат мајтап со овој клуб.
Па така еден фан се разбира со фотомонтажа си напиша:
“Вака го личи стадионот на ФК Саса, со компири, барем цела М.Каменица ќе јаде“.










