Убави вести за сите во селекцијата на Шпанија, како и за фновите во таа земја во пресрет на стартот на СП. Закрепнувањето на Ламине Јамал напредува многу добро, тврди весникот „Спорт“. Играчот веќе тренира нормално со своите соиграчи, следејќи го планот, а знаците се исклучително позитивни, според медицинскиот тим на репрезентацијата.
Се очекува Ламине Јамал да биде достапен за првиот натпревар на Шпанија на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. „Црвената фурија“ ја започнува својата кампања во Северна Америка против Зеленортските острови на 15 јуни.
Крилниот напаѓач претрпе повреда на тетивата на 22 април и првичните прогнози беа доста загрижувачки, но на крајот играчот се опоравува според најпозитивните проценки. Весникот „Спорт“ додава дека селекторот Луис де ла Фуенте е апсолутно оптимист дека ќе ги има на располагање сите играчи кои во моментов се борат со физички проблеми. Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, е уште еден фудбалер кој покажа исклучително позитивен напредок во своето закрепнување и се очекува да биде подготвен за почетокот на Светското првенство во 2026 година.










