Утрово дојде уште една трагична вест. Уште еден млад шампион, млад фудбалер, ја загуби борбата. Петар Станисасовски, член на фудбалската школа Гроздановски, ненадејно почина. Од клубот се збогуваа со Петар.
„Со голема тага и неверување ја примивме веста за заминувањето на Петар. Дете и наш член одреден период во нашата школа кој зад себе остави неизбришлива трага, добрина и спомени кои вечно ќе живеат меѓу сите што го познаваа.
Во овие тешки моменти изразуваме најискрено сочувство до неговото семејство, неговиот брат Марко, роднините и пријателите.
Нека му е вечна слава и вечен помен.
Почивај во мир Петар“, објавија од школата Гроздановски.










