Чкембари: Да се објави на кого му биле исплаќани пари, а не биле фудбалери! Како беше донесен Милан Стојановски? (ФОТО)

682

Фудбалска Битола е во шок, по настаните во неделата кога Пелистер во баражот беше поразен од Шкендија Арачиново, со кој овој тим испадна од ПМФЛ.

Во фудбалска Битола владее гнев. Јасно е дека ова е катастрофа за сите кои се во Пелистер, но најмногу за фановите.

Вечерва навивачката група Чкембари излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

“По неколку (не)преспиени ноќи, по безброј направени кавги меѓу нас навивачите а и меѓу целиот град каде е кривицата за овај пораз не само на Пелистер туку и на цела Битола. И покрај јавните реакции, до последно дававме поддршка и верувавме дека ќе заврши колку толку позитивно оваа сезона. Но на се иди крај! Наредниот период ЌЕ ИНСИСТИРАМЕ НА:

1. Иако знајме дека договорите ви се направени со дискретционо право, ИНСИСТИРАМЕ во јавноста да се објават со име и презиме, сумата која им била испаќана и улогата во клубот на сите оние кои не се фудбалери, односно кои имаат било каква функција освен фудбалер. Да се тргнат прашањата и обвинувањата во јавноста, да се завршат рекла-казала муабетите, одважете се и објавете ги јавно!!!

2. Да се понеси одговорност и јавно да се соопшти кој ги одобруваше оваа сезона трансферите на фудбалерите. Самата селекција е најодговорна за она шо беше ,,прикажано” на терен. Кој го креираше тимот кој го играше најлошиот фудбал во цела лига? Која е улогата на гувернерот на Македонија Трајко Славевски во носењето на фудбалскиот анонимус Милан Стојановски?

Виновците за оваа катастрофа имаат име и презиме, овој пораз не е дојден сам од себе.

ОДГОВОРНОСТ ОД СИТЕ ДО ЕДЕН ШО ГО ДОНЕСОВТЕ КЛУБОТ НА ОВА НИВО!!“

Претходно“Вака го личи стадионот на ФК Саса, со компири, барем цела М.Каменица ќе јаде!“(ФОТОМОНТАЖА)
СледноОва не се одбива: ПАО му нуди на Обрадовиќ најголем договор во историјата на европската кошарка!