Македонскиот репрезентативец и интернационалец во редовите на швајцарски Тун, Елмин Растодер е во животна форма. Со неговиот тим е шампион на Швајцарија, а тој со 15 гола и шест асистенции е вистинско откритие.
Растодер во моментов и тоа како е на цена, клубовите од „ЛИГА ПЕТ“ и тоа како се интересираат за него, а најновата информација што се однесува до тоа, е следнава.
На специјализираниот сајт за таа намена „transfermarct“, неговата цена скокна на четири милиони евра.
Па така, сега тој стаанува втор по вредност македонски интернационалец, по Елиф Елмас, кој што сеуште има за наши услови огромна цена од 13 милиони евра.
Следуваат Бојан Миовски на пример со 2.5 милиони, колку што има на пример и Енис Барди. Два милиони евра е проценет Столе Димитриевски, Дарко Чурлинов 1.5 милиони….
Многу е веројатно дека Елмин Растодер летово ќе има нов клуб, затоа што Тун ќе сака да ја искористи оваа негова форма и вредност и да заработи добро на него.










