Дон Флорентино вечерва потврди кој ќе биде тренер на Реал!

216
ФОТО:printscreen

Се чини од вечерва нема веќе дилеми кој ќе биде нов тренер на Реал Мадрид, се разбира ако Флорентино Перез победи на претседателските избори на најголемиот клуб во светот.

Интересно беше вечерва во фудбалска Шпанија. Имено додека Енрике Рикелме, кој исто е кандидат за претседател говореше за тоа какви амбиции има со клубот, Перез со видео на социјалните мрежи се пофали со новиот тренер.

Се разбира дека тоа е Жозе Мурињо кој е облечен во дресот на Реал Мадрид.

Ова значи дека „Специјлниот“ после 13 години се враќа во Мадрид, ама само ако Перез остане на чело на Реал.

ПретходноРолан Гарос: Арналди си закажа историско полуфинале со Коболи!