Флорентино Перез е убеден дека ќе ги добие изборите на 7 јуни и ќе продолжи на претседателското место во Реал (М). За „Ел Еспањол“, тој повторно остро го критикуваше својот ривал, Енрике Рикелме, и одреди датум за објавување на првото засилување што го обезбедил за следната сезона.
„Ќе ги имаме имињата на новите засилувања пред недела, не грижете се. Луѓето не се сомневаат во тоа, луѓето ме познаваат. Секогаш создавав возбуда во текот на моите 23 години како претседател. Оние што ме познаваат знаат дека најдобрите играчи ќе бидат во Реал Мадрид и дека ќе ја освоиме титулата во Лигата на шампионите“, вели Перез, дополнувајќи: „првото големо засилување ќе го објавам во четврток“.
Според она што го дознава „Марка“, првите двајца што ќе пристигнат ќе бидат Конате и Дамфрис за да ја засилат одбраната.










