Екипата на Вардар е освојувач на Купот на Македонија во пионерска конкуренција.
„Црвено – црните“ денеска на терените на Комплексот Петар Милошевски во Скопје, обезбедија триумф во финалето против тимот на Македонија ЃП со конечни 3:0.
Стрелци на головите за Вардар беа Матеј Николов, Адриан Велески и Лука Јасмин Ѓорѓијев.
Ова беше заслужена победа за избраниците на Христијан Кировски, кои покажаа повеќе од противникот и повеќе го посакуваа трофејот, кој на крајот заврши во нивните раце.










