Репрезентативците ќе доцнат на подготовките на Вардар

209

По освојувањето на шампионската титула, во Вардар веќе почнуваат да размислуваат и за европските обврски ова лето, пред се стартот во квалификациската фаза од Лигата на шампионите. На подготовките во Италија кои се закажани овој месец, „црвено-црните“ треба да ја искристализираат формата пред првите дуели во најсилното европско натпреварување.

Сепак, репрезентативците Давор Талески, Бобан Николов, Дарко Велковски, Ѓорѓије Јанкулов и капитенот Азер Омерагиќ добија дополнителни денови за одмор поради обврските што ги имаа кон националниот тим. Според информациите, тие на подготовките во Италија ќе се приклучат на 13-ти јуни.

Вардар со нетрпение ќе ја очекува ждрепката во Нион на 16 јуни на која треба да го добие противникот за првото елиминациско коло во ЛШ.

ПретходноГи добивме победници од Кавадарци: „Симовците“ ја испишаа својата триумфална приказна
СледноМилев: И Холандија е ранлива, најважно е да одиграме како што знаеме