Секуловски: Ако не се скрати лигата, Пелистер може да остане во ПМФЛ

623

На официјална прес конференција денеска од таборот на ФК Пелистер, конечно по неколку дена молк одлучија да и се обратат на битолската но и на пошироката македонска јавност.

Шокот во Битола и натаму е голем затоа што ФК Пелистер и официјално е второлигаш. Го загуби бараж мечот за опстанок од Шкендија Арачиново, на пенали, и сега се бара „чаре“ што се вели што и како понатаму со овој македонски фудбалски гигант.

Тренерот Мане Секуловски излезе пред јавноста и и се извини за она што се случува во моментов со ФК Пелистер, а секако дел од вината е и негова.

„Благодарност до навивачите кои беа во Кавадарци да нè поддржат. Радоста при израмнувачкиот гол и тагата по загубените пенали се доказ колку Пелистер им значи на битолчани“, рече Секуловски па продолжи.

„Сакам да им се извинам на сите што не успеавме да ги оствариме нашите цели, иако мислам дека јас сум тој што најмалку треба да се извини. Во последните два месеци, на девет натпревари забележавме пет победи, три ремија и само еден пораз. Со тие 18 бодови, Пелистер под мое водство би бил на второто место, веднаш зад Вардар“, додаде тој, за да потоа изјави нешто што можеби ќе ја шокира јавноста.

Пелистер сепак се надева на чудо и останување во ПМФЛ.

„Надежта последна умира. Има механизми кои што би го оставиле Пелистер во ПМФЛ. Со евентуалното останување на лигата во овој формат, и не кратење на истата. Имаме такви примери во соседството каде што одлуката за кратење беше стопирана“ – рече Секуловски.

 

ПретходноПионерите на Вардар се освојувачи на Купот на Македонија
СледноВредноста на Растодер се искачи на четири милиони, само Елмас вреди повеќе од него