Крах на Сабаленка: Од речиси добиен меч на крајот испадна од Ролан Гарос

85

Рекетот број еден во женска конкуренција, Арина Сабаленка, необјасниво е елиминирана од овогодинешното издание на Ролан Гарос. Поточно, во четвртфиналето денеска, таа е поразена од Диана Шнајдер од Русија со 2:1, но текот на мечот и настаните се тие што шокираат.

Имено, Сабаленка имаше водство од 1:0 во сетови и 4:1 односно 5:3 во вториот сет. За да потоа, необјасниво падне во играта и не може да освои гем. Шнајдер влезе во низа од десет освоени игри едноподруго, и автоматски значеше дека ги доби вториот и третиот сет со 7:5 односно неверојатни 6:0.

Во полуфиналето Шнајдер ќе игра против најголемото изненадување на турнирот Маја Хвалинска.

ПретходноФФМ го одржа ветувањето: Шкендија доби најголема казна во историјата!
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: В.М. ОД СТРУГА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.849.289 ДЕНАРИ