Нема спиење: Комплетен распоред на групната фаза на СП 2026!

318
Фото: ФИФА

СП 2026 почнува на 11 јуни (четврток) и ќе трае до 19 јули. Значи повеќе од месец дена фудбалско уживање за фановите на најважната споредна работа во светот.

Сите сме во очекување на спектаклот, проблем се само сатниците односно термините на одигрување на мечевите на Мундијалот во Канада, САД и Мексико.

Некои натпревари на Светското првенство ќе започнат во 21:00 часот, но има и голем број од оние што ќе се играат во текот на ноќта или во зори по наше време. Значи нема спиење.
Одбројуваме до почетокот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Остануваат само осум дена до големото отворање во Мексико Сити и натпреварот Мексико-Јужна Африка. Ќе започне во 21:00 часот по наше време, што ќе биде најдобро време за гледање додека трае турнирот. Добар дел од натпреварите ќе се играат во текот на ноќта или во зори, затоа подгответе се за малку повеќе од еден месец без сон…
Ова е комплетниот распоред на натпреварите на Светското првенство во 2026 година од групната фаза:
11 јуни: 21.00 (Мексико – Јужна Африка),
12 јуни: 04:00 (Јужна Кореја – Чешка), 21:00 (Канада – БиХ),
13 јуни: 03.00 (САД – Парагвај), 21.00 (Катар – Швајцарија),
14 јуни: 00.00 (Бразил – Мароко), 03.00 (Хаити – Шкотска), 06.00 (Австралија – Турција), 19.00 (Германија – Курасао), 22.00 (Холандија – Јапонија),
15 јуни: 01:00 (Брегот на Слоновата Коска – Еквадор), 04:00 (Шведска – Тунис), 18:00 (Шпанија – Зелен ’Рт), 21:00 (Белгија – Египет),
16 јуни: 00.00 (Саудиска Арабија – Уругвај), 03.00 (Иран – Нов Зеланд), 21.00 (Франција – Сенегал),
17 јуни: 00.00 (Ирак – Норвешка), 03.00 (Аргентина – Алжир), 06.00 (Австрија – Јордан), 19.00 (Португалија – ДР Конго), 22.00 (Англија – Хрватска),
18 јуни: 01:00 (Гана – Панама), 04:00 (Узбекистан – Колумбија), 18:00 (Чешка – Јужна Африка), 21:00 (Швајцарија – Босна и Херцеговина),
19 јуни: 00:00 (Канада – Катар), 03:00 (Мексико – Јужна Кореја), 21:00 (САД – Австралија),
20 јуни: 00.00 (Шкотска – Мароко), 02.30 (Бразил – Хаити), 05.00 (Турција – Парагвај), 19.00 (Холандија – Шведска), 22.00 часот (Германија – Брегот на Слоновата Коска),
21 јуни: 02.00 часот (Еквадор – Курасао), 06.00 часот (Тунис – Јапонија), 18.00 часот (Шпанија – Саудиска Арабија), 21.00 часот (Белгија – Иран),
22 јуни: 00.00 (Уругвај – Зеленортски Острови), 03.00 (Нов Зеланд – Египет), 19.00 (Аргентина – Австрија), 23.00 (Франција – Ирак),
23 јуни: 02.00 часот (Норвешка – Сенегал), 05.00 часот (Јордан – Алжир), 19.00 часот (Португалија – Узбекистан), 22.00 часот (Англија – Гана),
24 јуни: 01:00 (Панама – Хрватска), 04:00 (Колумбија – ДР Конго), 21:00 (БиХ – Катар, Швајцарија – Канада),
25 јуни: 00.00 (Шкотска – Бразил, Мароко – Хаити), 03.00 (Чешка – Мексико, Јужна Африка – Јужна Кореја), 22.00 (Еквадор – Германија, Курасао – Брегот на Слоновата Коска),
26 јуни: 01.00 (Тунис – Холандија, Јапонија – Шведска), 04.00 (Турција – САД, Парагвај – Австралија), 21.00 (Норвешка – Франција, Сенегал – Ирак),
27 јуни: 02.00 (Уругвај – Шпанија, Зелен ’Рт – Саудиска Арабија), 05.00 (Нов Зеланд – Белгија, Египет – Иран), 23.00 (Панама – Англија, Хрватска – Гана),
28 јуни: 01.30 (Колумбија – Португалија, ДР Конго – Узбекистан), 04.00 (Јордан – Аргентина, Алжир – Австрија).

ПретходноЌе се шокирате кога ќе го видите дедото на Халанд!(ФОТО)
СледноПријателски: Алжир ја изненади Холандија, “новата“ Италија со победа кај Луксембург!