Помладите пионери на Вардар триумфираа во Купот

33
ФОТО:FFM.MK

Со победата од 4:0 во дуелот против Пелистер, помладите пионери на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија. Надежите на “црвено-црните” беа супериорни во мечот против Битолчани и сосема заслужено стигнаа до победа.

Најзаслужен за триумфот беше напаѓачот Огнен Јаков кој три пати се запиша во листата на стрелците. Токму Јаков ја отвори серијата голови во 20. минута. Десет минути подоцна повторно го совлада противничкиот голман за предност од 2:0.

Во 36-тата минута судијата Јордан Јовановски покажа на белата точка, но Јован Пашовски не успеа пеналот да го претвори во гол бидејќи по неговиот удар следуваше одбрана на голманот Огнен Божиновски.

Во второто полувреме Вардар успеа да постигне уште два гола.

Во 65. минута Никола Јанкулоски зголеми на 3:0, а конечниот резултат го постави Јаков кој по трет пат ја погоди мрежата на Битолчани.

Ова беше втор трофеј за Вардар во денешните финални натпревари откако претходно пионерите беа поуспешни од Македонија ЃП.

В четврток на терените на тренинг центарот Петар Милошевски нова двојна програма.

Од 10 часот ново соочување меѓу Вардар и Пелистер, но овој пат за пехарот во кадетска конкуренција додека од 16:30 часот на програмата е младинското финале во кое АП Брера игра против Шкупи.

 

ПретходноКоболи го урна Алијасим за италијанско полуфинале на Ролан Гарос!
СледноДецата им покажаа на ДЕЧИШТАТА како се слави Вардарова титула (ВИДЕО)