Србите му дадоа одврзани раце на Пауновиќ да прави „чистка“ во репрезентацијата

60
фото: Fudbalski savez Srbije (X)

Дебаклот на репрезентацијата на Србија во дуелот со учесникот на претстојниот Мундијал, селекцијата на Курасао, во која што нашиот сосед загуби со 3:0, им даде повод на раководните структури на федерацијата да му дадат одврзани раце на селекторот Вељко Пауновиќ да направи сериозна чистка во селекцијата.

Поточно, проблемот настана кога огромен број од звездите на Србија, од типот на Душан Влаховиќ, Тадиќ, Сергеј Милинковиќ Савиќ, неговиот брат Вања, и еден куп други сериозни ликови во репрезентацијата досега, едноставно го откажаа овој повик за настап. Го оставија селекторот на цедило, не го испочитуваа што се вели, па Србија на овој дуел со Курасао замина со речиси трет состав.

Тоа, водството на фудбалот во Србија, очигледно нема да им го прости на повеќемина од горенаведените, па му порача на Пауновиќ дека ќе стои зад него во секоја одлука која што ќе ја донесе на оваа тема.

 

ПретходноДарко Радуловиќ уште една година во Старогард Гдањск
СледноТолку од Хојлунд како играч на Манчестер Јунајтед