Шпанците утре без тројца репрезентативци против Ирак

47

Шпанскиот селектор на фудбалската репрезентација, Луис Де Ла Фуента, објави дека за утрешниот пријателски дуел кој неговиот состав ќе го одигра против соодтвената селекција на Ирак, нема да бидат достапни следните фудбалери.

Ламин Јамал, Нико Вилијамс и Виктор Муњоз. Тоа се тројцата репрезентативци кои што се опоравуваат од повреди и нема да се појават на терен на стадионот Риазор во Ла Коруња каде што се игра дуелот.

Од друга страна пак, искусниот стратег, објави дека опоравувањето на Јамал тече нормално, и дека тој би требало со сигурност да биде дел од првиот меч на Мундијалот, кој што е закажан за 15 јуни против Капе Перде.

 

ПретходноДецата им покажаа на ДЕЧИШТАТА како се слави Вардарова титула (ВИДЕО)
СледноМладост Богданци ја победи Струга во баражот и избори пласман во ракометната Суперлига