Готово: Влаховиќ го напушта Јувентус како слободен играч!

139
фото: H @HQpcrt (X)

Изгледа дека толку беше од Душан Влаховиќ во гигантот од Торино. Најновиот обид за продолжување на соработката меѓу српскиот напаѓач и Јувентус пропадна. Тоа е она што го тврди Николо Скира.

Душан Влаховиќ ја одби понудата на Јувентус за продолжување на договорот. Напаѓачот ќе го напушти Јувентус како слободен агент“, вели тој, со што ја потврдува својата најава од пред шест дена кога објави дека Влаховиќ ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната.
Пречката за постигнување договор се парите. Влаховиќ побара зголемување на платата за 30 проценти, што не му се допадна на Јувентус. Очигледно, ниту една страна не беше подготвена да попушти, па затоа во иднина ќе го видиме Влаховиќ во друг клуб.

ПретходноУжасна вест: Почина Един Авдиќ, најпознатиот спортски коментатор на Балканот!
СледноРеал со 75 милиони евра тргнува по Гвардиол!