„Ден на спортот“ во Прилеп: „Пеперутки“ се првите победници во „Zero Waste“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

36

Првата сезона од Плазма Спортските игри за млади во Македонија пристигна во Прилеп. Овој град беше домаќин и на спортско едукативниот проект „Zero Waste“, натпреварите во Coca Cola Cup 2011, мал фудбал, одбојка, баскет 3х3, народна 2015 и 2017 и атлетика. Над 700 млади „симовци“ одлично се забавуваа и уживаа во „Денот на спортот“, испишаа нови приказни и создадоа пријателства за цел живот. Покрај натпреварите во преден план беше и фер-плеј играта.

Спортско-едукативниот проект „Zero Waste“- Бидете дел од играта – Да ја заштитиме нашата планетата за првпат се одржува во Македонија. Поради својот иновативен пристап кон учењето преку спорт, е популарен кај децата. Покрај Прилеп „Zero Waste“ ќе се одржи во Битола и во Охрид.

„Zero Waste“е уникатен проект, создаден со долгогодишниот партнер на Плазма Спортските игри за млади, Coca Cola, кој креативно ги едуцира младите луѓе преку игра и спорт, овозможувајќи им полесно и поприродно да усвојат корисни навики и да ги применат во секојдневниот живот. Едукативниот квиз ги охрабрува да размислуваат логично, да пронајдат причини и решенија за проблемите со одржлив развој, додека спортскиот дел е посветен на практично учење за сортирање на отпадот на полигонот СИМ. Со оваа кампања, Coca Cola сака да придонесе за најпозитивно влијание врз животната средина и да понуди решенија за предизвиците поврзани со пакувањето, во согласност со повеќегодишниот проект Свет без отпад. По интерактивната едукација за заштита на животната средина, децата и младите се натпреваруваа на образовниот полигон, а најдобрите освоија награди. Победник во „Zero Waste“ е екипата на „Пеперутки“ од ООУ „Гоце Долчев“ од Прилеп: Антонија Попоска, Теодора Гацоска, Матео Милошевски и Ненад Ѓорѓиоски, предводени од водач на екипата Влатко Тошески.   

Поранешниот македонски репрезентативец и актуелен селектор на македонската кадетска ракометна репрезентација, Горан Кузманоски заедно со Даниела Проданоска, олимпијка во атлетика (Сиднеј 2000 година), Дарко Насески, олимпиец во стрелаштво (Атланта 1996 година) и фудбалерите од СОУ Ристе Ристески Ричко (учестуваа на Европско првенство во Бања Лука), го донесоа факелот и симболично го означија почетокот на СИМ.

„И моите почетоци се токму од Основното училиште. Драго ми е што токму во Прилеп се одржаа Плазма Спортските игри за млади, ја поздравувам нивната мисија – бесплатен и достапен спорт за младите деца. Ова е одличен мотив за сите деца од мали нозе да стекнат здрави навивки“, рече Горан Кузманоски.   

Дечињата ги поздрави претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицкоска која ја истакна важноста на овој голем настан.

„Нема поголемо задоволство за мене кога ќе видам бројни насмевки. Драги деца тука сме поради вас, Плазма Спортските игри за млади овозможуваат бесплатен спорт за секое дете. Се радувам што во Прилеп се сака спортот, бидејќи преку него градиме вистински вредности, толеранција и фер-плеј игра.  

Би сакала да се заблагодарам на Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, кој го препозна овој проект и безрезервно ги поддржува спортот и младите, благодарност до Министерството за спорт, до градоначалникот на Општина Прилеп и сите мои колеги кои работеа за да овој настан биде успешно реализиран.

На вам драги деца ви поскувам успешни игри, се надевам дека сите дома ќе си заминете со убави спомени. Нека победат најдобрите, се гледаме на финалето во Сплит“, рече Елена Мицковска.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски не го криеше своето задоволство што токму овој град е домаќин на Плазма Спортските игри за млади.

„Почитувана престедателке на Плазма Спортските игри за млади, Елена Мицковска, наставници, драги мои омилени ученици од Прилеп, драги деца кои доаѓате од Долнени, Демир Хисар, Кривогаштани и Крушево добредојдовте во Прилеп. Ми претставува голема чест што денеска нашиот град е во центарот на младинскиот спорт, исполнет со позитивна енергија и насмевки. Овие игри се можност за создавање на пријателства, заеднички вредности: фер-плеј меѓусебна почит и тимска игра кои остануваа за цел живот. Денеска не се најважни само резултатите туку и начинот на кој ќе се натпреварувате, ќе се почитувате и ќе го покажете вашиот спортски дух“, истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

ПретходноВредноста на Растодер се искачи на четири милиони, само Елмас вреди повеќе од него
СледноФФМ се истури врз Шкендија – исфрлена од Купот на Македонија и 105.000 евра казна!