Милев: И Холандија е ранлива, најважно е да одиграме како што знаеме

38
фото: Одбојкарска федерација на Македонија (Facebook)

Македонската одбојкарска репрезентација во машка конкуренција засилено ги продолжува подготовките за стартот на Европската лига 2026. Во Струмица од петок до недела ќе се одржи еден од турнирите во првата фаза на натпреварувањето, чиј домаќин е Македонија.

Нашите момци стартуваат токму во петок со натпревар против европската велесила Холандија. Еден од најискусние во нашиот тим, Владо Милев, вели дека без разлика на тоа што „лалињата“’ ќе ја имаат улогата на фаворити, Македонија и во минатото знаела да изненади на ваквите дуели.

„Ние секогаш против најдобрите играме најдобро. И порано имало случаи да ја изненадиме и Холандија во меѓусебните пресметки. Секако дека ќе дадеме се од нас в петок да почнеме со добар настап во Европската лига, затоа што оваа година и следната, ова натпреварување е и квалификациско за пласман на Европското првенство. Подготвени сме, очекуваме голема поддршка од трибините, и останува да покажеме во какво форма сме долу на теренот“, вели Милев.

Македонија и Холандија во петок од 19 часот во салата „Парк“ во Струмица го отвораат првиот турнир од новата сезона во Европската лига. Два дена подоцна на истото место ја пречекуваме селекцијата на Луксембург.

ПретходноРепрезентативците ќе доцнат на подготовките на Вардар
Следно„Скај Спорт“: Наполи се уште може да го купи Елмас, Лајпциг го очекува нивниот повик