Репрезентативката Коларовска и Црногорката Јовановиќ нови засилувања за ЖРК Ѓорче Петров

42

Македонската ракометна репрезентативка Ана Марија Коларовска е првото засилување за македонскиот шампион ЖРК Ѓорче Петров за наредната сезона. Како што потврдија од клубот, Коларовска во Скопје се враќа од Хрватска, каде минатата сезона го носеше дресот на екипата на Брод.

Таа ги мина сите младинските категории во националниот тим, а сега е дел од сениорската репрезентација.

Македонскиот шампион исто така го потврди и новото интернационално засилување кое доаѓа од Црна Гора. Станува збор за Аника Јовановиќ, репрезентативка на Црна Гора, која доаѓа од тимот на Будуќност и игра на позицијата десно крило.

Претходно„Скај Спорт“: Наполи се уште може да го купи Елмас, Лајпциг го очекува нивниот повик
СледноОфицијално: Леклер потпиша нов договор со Ферари