Кадетскиот состав на Вардар е освојувач на овогодинешното издание на Купот на Македонија во оваа конкуренција.
„Црвено – црните“ во финалниот дуел по подоброто изведување на пеналите, беа подобри од тимот на Пелистер, откако регуларниот дел од мечот заврши 3:3.
Во пенал рулетот Вардар беше посконцентриран, додека Пелуистер на два пати промаши.
Со ова тимот на Вардар ја обедини двојната круна во оваа конкуренција, затоа што кадетите се веќе шампиони и во првенството.










