ОФИЦИЈАЛНО: Валенсија го потврди новиот договор на Столе до 2028 година!

113

Како што објавивме пред два дена, Валенсија го продолжи договорот со македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за уште две сезони. Она што веќе беше најавено, денеск аи официјално е потврдено од шпанскиот тим. Столе останува на „Местаља“ до јуни 2028 година.

Од неговото пристигнување во 2024 година, Димитриевски одигра вкупно 33 официјални натпревари со дресот на Валенсија.

„Неговото искуство и цврстина на голманската позиција придонесоа за конкурентскиот раст на тимот и ги подобрија резултатите во втората половина од минатата сезона, одржувајќи ја мрежата чиста на 5 натпревари што резултираа со 5 победи (Хетафе, Леванте, Осасуна, Севиља и Атлетик Клуб)“, велат од Валенсија. 

„Со ова продолжување на договорот, Валенсија го обезбедува континуитетот на 32-годишниот голман, кој по завршувањето на Ла Лига одигра два пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција со својата репрезентација и ќе им се придружи на соиграчите по празниците“.

ПретходноСилвер: НБА Европа стартува во сезоната 2027/28
СледноГерманците ќе добијат по половина милион долари ако го освојат Светското