Пријателски: Брегот на Слоновата Коска ја шокира Франција, Шпанија – Ирак 1:1!

142
ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/

И вечерва се одиграа неколку пријателски натпревари во пресрет на стартот на СП, сепак во преден план беше дуелот во Нант меѓу Франција и Брегот на Слоновата Коска.

Овој меч во Нант заврши со сензационална победа на БСК со 1:2, иако за четата на селекторот Дидие Дешамп настапија најдобрите, како Мбапе, Олисе…

Франција поведе со голот на Шерки во 45.минута, а Доуе во 53.минута и Диало во 84.минута реализираа за гостите. И за Франција и БСК ова беше тест пред стартот на Мундијалот.

Шпанија дома во Ла Коруња одигра само 1:1 против селекцијата на Ирак, и двете репрезентации ќе играат на претстојното СП.

Европскиот првак уште во 16.минута преку Торес дојде до водство, но Доски со мајсторски гол успеа да израмни во таа 27.минута. Овие 1:1 беа и конечни.

Шведска одигра 2:2 со Грција, Иран со 2:0 го победи Мали, Словенија дома одигра 1:1 со Кипар.

ПретходноКарик го доби првото засилување