Селекцијата на Македонија до 20.години в понеделник ќе има уште една контрола, силен тест натпревар. Противник е соодветната селекција на САД а натпреварот се игра на стадионот “Христо Ботев“ во Благоевград (Бугарија).
Прво младата селекција на САД ќе ги одмери силите против селекција на Грузија за да потоа на 8 јуни (понеделник) се среќава со Македонија, барем според нивните информации.
Секако дека ова ќе биде уште една добра контролна средба избраниците на селекторот на У-20 репрезентацијата на Македонија, Александар Таневски.











