СЕНЗАЦИЈА: Чудото од Полска со пласман во финалето на Ролан Гарос

221
ФОТО:.facebook.com/RolandGarros/

Маја Хвалинска дојде на Гренд слемот во Париз како 114-та тенисерка во светот, ги помина квалификациите до главната ждрепка, а потоа блесна на најголемата сцена и направи едно од најголемите чуда во историјата на Гренд слемот.
Во полуфиналето, Хвалинска ја победи Русинката Дијана Шнајдер со 2:0, во сетови 7:6(4), 6:4. Мечот траеше двесте и седум минути.
Повторно, Хвалинска влезе во мечот како целосен аутсајдер против 23-тата во светот Шнајдер, која вчера ја елиминираше број еден тенисерка на планетата, Арина Сабаленко, но Полјачката покажа дека е вистинска чудотворка на овогодинешниот Ролан Гарос.
Полјачката строго го следеше својот план за игра и ја мачеше Шнајдер. Во првиот сет, двете тенисерки направија по еден брејк, а потоа во тај-брејкот, Хвалинска имаше повеќе нерви и поведе со 1:0.
На почетокот од вториот сет, тенисерките разменија еден брејк, а потоа го држеа сервисот до резултатот од 4:4. Претходно, кога Полјачката водеше со 4:3, Шнајдер побара медицински тајм-аут поради проблем со грбот.
А потоа, кога беше најпотребно, Хвалинска направи клучен брејк во мечот, поведе со 5:4 и сервираше за историја.
Маја Хвалинска ќе игра против Русинката Мира Андреева за титулата шампионка на Ролан Гарос. Тој меч ќе се игра во сабота.

ПретходноУ-20: Македонија в понеделник на мегдан со САД!(ФОТО)
СледноАко ги мине првите две кола: Шкендија и во 3.квалификациско коло во ЛК, ќе биде носител!