Фудбалерките на Кочани успеаа да обезбедат опстанок во најсилната женска лига во Македонија откако во баражот за пополнување на Првата ЖФЛ ги совладаа Билјанини Извори со 7:3.
Охриѓанки кои во Втората лига го освоија второто место по само шест минути игра имаа предност од 2:0, а стрелци на головите беа Марија Јулчовска во 3. и Ивана Николоска.
Потоа следуваше целосна доминација на Кочани, а серијата голови за прволигашот ја отвори Андреа Донева во 29-тата минута.
Во 40-тата, Катерина Милеска израмни на 2:2, поранешната репрезентативка беше стрелец и на погодок во 64. минута.
Џенита Кицара исто така два пати ја совлада противничката голманка и тоа во 60. и 87. минута. Во 61-та, Марија Велиновска се запиша меѓу стрелците, а еден погодок беше дело на Јована Стојанова.
Во последните моменти од натпреварот Стефанија Ристова го постигна третиот гол за Билјанини Извори.










