Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов заминува од Турција. Според информациите кои ги објавија турските медиуми, нашиот репрезентативец добил известување од клупското раководство на Коџаелиспор дека треба да си побара нов клуб.
Турските медиуми потврдија дека Чурлинов е едно од трите имиња во клубот на кои им било кажано дека нема да им бидат продолжени договорите. покрај Чурлинов од Коџаелиспор заминуваат и Александар Јовановиќ и Карол Линето.
Чурлинов дојде во дресот на Коџаелиспор од Барнли минатото лето. Во штотуку завршената сезона тој за турскиот клуб во тамошната Суперлига одигра 26 натпревари и имаше 3 асистенции, без постигнат гол. Во турскиот куп одигра четири натпревари и имаше 2 постигнати гола со една асистенција.










