Се подготвува мега трансфер во Тетово: Шкендија тргна по Компаоре

353

Екипата на Шкендија, летово очигледно дека ќе сака што подобро да се подготви за следната ПМФЛ сезона, со оглед на неуспехот минатава, кога не успеа да освои ниту еден трофеј. Го загуби оној шампионскиот од Вардар, а во Купот, тимот на Силекс беше подобар во финалето.

Па според тоа, тетовци веќе на големо планираат кого да доведат, а во исто време и работат на терен.

Спортспорт дознава дека Шкендија е пред потпис со најдобриот стрелец во домашниот ПМФЛ шампионат, досегашниот член на тимот на Струга ТЛ, и реализаторот на 17 погодици изминатата сезона, Басиру Компаоре.

Интернационалецот од Буркуна Фасо веќе три години е дел од тимот на Струга ТЛ, но се до сезонава некако беше во сенка на останатите напаѓачи. Сепак, годинава експлодираше со 17 гола на 25 мечеви што е извонредна статистика.

Шкендија во нападот има страшна конкуренција во Бесарт Ибраими, Лорик Каба, Ване Крстевски, Лиридон Латифи, Атхе Мазари, Фанд Ндзенгуе и Фабрис Тамба, но можно е некој од овие со оглед на перформансот изминатиот период и да си замине летово.

 

ПретходноСкопје ги обедини европските минибаскет експерти
СледноАндреева е финалист на Ролан Гарос