Емотивниот момент од фудбалските терени кој го трогна регионот, откако младиот Давид Докмановиќ од ФК Еуроспорт го посвети својот гол на прерано починатиот Аган Асани, доби уште една убава епизода.
Семејството на загинатиот Аган го посети Давид, сцена што ги допре срцата на сите. Аган беше момчето кое го загуби животот, а Давид, иако Македонец, со својот потег покажа дека пред сè сме луѓе. По тој гест, семејството на Аган го посетило семејството на Давид и му ја подарило фудбалската топка со која Аган играл дома. Средбата била симболична, но многу силна и емотивна.










