Спанулис седна на клупата на Арис

30
фото: alessio teresi (X)

Грчкиот кошаркарски тренер Василис Спанулис е новиот тренер на кошаркарскиот тим Арис, објави солунскиот клуб.

Спанулис (43) потпиша тригодишен договор со Арис. Претходно беше тренер на Перистери и Монако, а моментално е главен тренер на грчката кошаркарска репрезентација.

Спанулис го замени Игор Миличиќ на тренерската позиција во солунскиот клуб .

Кошаркарскиот тим на Арис ја заврши сезоната на петтото место во грчкото првенство, а потоа беше елиминиран од АЕК во четвртфиналето од плејофот.

ПретходноБојан Илиевски бира помеѓу останување во Струга ТЛ и трансфер во Хрватска
СледноБаер Леверкузен има нов тренер