Додека фудбалскиот свет е во очекување на СП 2026 кое започнува следниот четврток, ние во фудбалска Македонија сме во очекување на 16/17 јуни кога УЕФА ќе ја одржи ждрепката за 1. и 2. квалификациско коло во ЛШ, ЛЕ и ЛК.
Познато е дека Вардар како шампион ќе игра во квалификациите во Лигата на Шампионите, додека Шкендија и Силекс во квалификациите во Лигата на Конференциите.
“СпортСпорт“ веќе неколку пати ги објави можните противници на нашите екипи за воведното коло, па не сакаме да сме здодевни. Новост е тоа дека Шкендија има убава шанса и вторпат по ред да игра во групната фаза или Лигашката фаза во ЛК.
Имено тетовци, ако ги минат првите две квалификациски кола каде што се носители, и во 3.квалификациско коло ќе биде носител. Секако дека за ова “виновен“ е ранкингот на тетовци, 10.875, кој беше набилдан минатата сезона кога Шкендија имаше европска пролет и пласман во 1/16 финалето во Лигата на Конференции.
Кога сме кај другите наши екипи, ранкингот им е, на Вардар е 1.551 и Силекс на 2.000. Јасно е дека овие две екипи уште на стартот се во групата на неносители или аутсајдери во Лигата на Шампионите и во Лигата на Конференции.
Инаку натпреварите од 1. квалификациско коло во ЛШ на програмата се на 7/8 и 14/15 јули, додека оние од ЛК се на 9 и 16 јули.










