Германците ќе добијат по половина милион долари ако го освојат Светското

40

Како и претходните години, германската фудбалска репрезентација во последните недели пре дпочетокот на Мундијалот има интензивни преговори со Федерацијата за наградите кои би ги добиле според остварениот пласман.

На преговарачката маса се капитенот на Германија, Џошуа Кимих, членот на советот на тимот, Џонатан Тах (30), кој го претставува тимот, и извршниот директор Андреас Ретиг, кој ја претставува федерацијата.

Според информациите од „Билд“, германските репрезентативци договориле висока парична награда, која е рекордна во историјата на германскиот фудбалски тим и ќе изнесува околу 500.000 долари (по фудбалер) во случај на освојување на Светското првенство. За споредба, пред четири години во Катар, секој играч на германскиот тим имаше ветена сума од околу 400.000 евра за освојување на Мундијалот.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Валенсија го потврди новиот договор на Столе до 2028 година!
СледноНаполи, сепак, се откажа од Елмас: Лајпциг одби да ја намали цената за откуп на договорот