Димитријевиќ и Баерн преку Бон до финалето од плеј – офот во Германија!

75
ФОТО:.facebook.com/fcbayernbasketball/

И дефинитивно нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ со Баерн Минхен ќе се бори за титулата во елитната кошаркарска лига, откако вечерва на гости кај Бон славеа со 57:77 за трета победа во третиот меч од полуфиналната серија од плеј – офот.

Со тоа ставија печат на севкупниот триумф од 3:0 против Бон во ова полуфинале.

Македонскиот репрезентативец вечерва на паркетот мина само 14.минути, немаше ни потреба од поголема минутажа и запиша три поени, четири скокови и една асистенција.

Во финалето Нено и Баерн ќе се сретнат со подобриот од второто полуфинале меѓу Бамбег и Алба Берлин.

ПретходноМладинците на Брера со триумф во Купот ја потврдија доминацијата!
СледноДубаи со лекција за Партизан!