Наполи, сепак, се откажа од Елмас: Лајпциг одби да ја намали цената за откуп на договорот

152

Наполи и Лајпцијг не се договориле за откуп на договорот на нашиот репрезентативец Елиф Елмас. Како што потврдија италијанските новинари Николо Шира и инсајдерот Фабрицио Романо, последниот обид на Наполи да ја намали бараната сума од 16 милиони евра за откуп на договорот на Елмас, Германците ја одбиле.

Николо Шира пишува дека овој последен акт на Лајпциг и финално го откажа Наполи од натамошни напори да го задржи нашиот репрезентативец во свотите редови.

„Наполи нема да ја искористи опцијата од 16 милиони евра за траен потпис на Елиф Елмас. Клубот смета дека неговата цена е превисока. Наполи се обиде да преговара за намалување, но РБ Лајпциг ја одби понудата“, пишува Шира.

Тоа значи дека Елмас ќе мора да се врати во Германија и да бара нова солуција за својата иднина.

ПретходноГерманците ќе добијат по половина милион долари ако го освојат Светското
СледноНишто ново….Вардар е освојувач на Купот на Македонија и во кадетска конкуренција