Како што објавивме пред два дена, Валенсија го продолжи договорот со македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за уште две сезони. Она што веќе беше најавено, денеск аи официјално е потврдено од шпанскиот тим. Столе останува на „Местаља“ до јуни 2028 година.
Од неговото пристигнување во 2024 година, Димитриевски одигра вкупно 33 официјални натпревари со дресот на Валенсија.
„Неговото искуство и цврстина на голманската позиција придонесоа за конкурентскиот раст на тимот и ги подобрија резултатите во втората половина од минатата сезона, одржувајќи ја мрежата чиста на 5 натпревари што резултираа со 5 победи (Хетафе, Леванте, Осасуна, Севиља и Атлетик Клуб)“, велат од Валенсија.
„Со ова продолжување на договорот, Валенсија го обезбедува континуитетот на 32-годишниот голман, кој по завршувањето на Ла Лига одигра два пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција со својата репрезентација и ќе им се придружи на соиграчите по празниците“.










