Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талевски си замина од унгарска Татабања. Пред пет месеци тој се пресели во редовите на унгарскиот состав со кој годинава обезбеди пласман во финалето на ЕХФ Европскиот куп, но таму беше поразен од ГРК ОХрид.
Нашиот искусен бек на социјалните мрежи објави дека заминува од Татабања.
„Имав фантастична можност да го носам овој дрес. Татабања можеби е мал град, но духот на ракометот е голем. Благодарност до сите во клубот и до едни од најдобрите навивачи во светот“, објави Талески на Инстаграм.
View this post on Instagram










