Некогашниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, денеска имаше супер – деби како предводник на А-репрезентацијата на Таџикистан. Имено популарниот Мрме со своите избраници како домаќини, во пријателски натпревар успеа да ја победи Индија со 3:1. Стрелци на головите беа Бобоев уште во 9.минута од пенал, Каримов во 62.минута, неколку минути подоцна Панчисханбе зголеми на и 3:0. До крајот гостите успеаја само да го ублажат поразот со гол во 89.минута.
На Ангеловски ова му беше прв меч како предводник на Таџикистан од како е назначен за селектор пред нешто повеќе од еден месец. Интересно, и втората средба, исто пријателска, ќе биде против Индија на и 9 јуни.
Познато е дека во стручниот штаб на Ангеловски во селекцијата на Таџикистан, се и неговите долгогодишни соработници Милан Илиевски и Иван Јовановски.
Кога сме кај Игор Ангеловски, да кажеме дека ова му е и добар роденденски подарок од своите избраници ако се знае дека пред три дена, на 2 јуни тој го прослави својот јубилеен 50-ти роденден.
Притоа од репрезентативните на Таџикистан доби на подарок дрес од таа селекција со број 50.










