Димитријевиќ e многу блиску до потпис со Арис!?

150
фото: FC Bayern Basketball (X)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ може многу брзо повторно да ја смени средината. Според пишувањата на дел од кошаркарските портали, Димитријевиќ е многу блиску до договор со грчки Арис кој подготвува тим со сериозни европски амбиции.

Како што пишуваат порталите, Арис по доведувањето на Спанулис на кормилото на тимот сега е во фаза на составување респектабилен состав со кој сака да се врати на европската сцена. Станува збор за голем проект во грчката кошарка за враќање на Арис на местото каде беше пред неколку децении.

27-годишниот Димитријевиќ се уште се бори за шампионската титула во Германија со екипата на Баерн (М), но наскоро би требало да се договори со грчкиот тим, па останува да се почекаат деталите од евентуалната соработка.

ПретходноРАКОМЕТНА „БОМБА“: Фуксе Берлин е сериозно заинтересиран за Филип Кузмановски!
СледноМакедонија падна две места на новата ФИФА листа