Димовска и Гроздановска по нов резултатски подвиг

24

Македонските претставнички во коњичките спортови, Матеа Димовска, односно Леонида Гроздановска викендов во Грција повторно ќе бидат дел од големо, квалитетно и сериозно натпреварување.

Изминатата недела беа дел од натпревари од CSI 1 звезда и CSI 3 звезди, каде што постигнаа исклучително добри резултати со оглед на конкуренцијата и натпреварувањата. Тоа се натпревари кои што се дел од светската коњичка федерација и за нив треба квалификации.

Следниов викенд на програмата се натпревари од Купот на Нациите, во кој Македонија за жал не може да учевствува со оглед на фактот што во моментов имаме двајца натрпеварувачи, а за оваа конкуренција потребни се минимум тројца.

Матеа Димовска за прв пат ќе настапи во многу повисока и поквалитетна класа. А тоа се 115, 120 и 125 сантиметри, додека пак Леонида Гроздановска ќе биде дел од CSI 1 звезда со висина на пречки, 125 и 130, а ќе биде дел и од Гранд При конкуренцијата, односно ќе се обиде да го освои и овој трофеј.

Овој настан кој што повторно се одржува во Грција е под покровителство на светски познатиот бренд, „Longines“, и мора да се напомене дека за прв пат е дел од еден ваков настан на Балканските простори.

Конечно, со самиот факт што овие натпреварувања се со предзнакот CSI 3 звезди, значи дека се од исклучително високо ниво, а постојат уште две квалитетивни скалила по квалитет во светот. За сите нив треба исполнување на норма, односно одредена квалификација.

Бројот на учесници на ваквиот тип натпреварувања е ограничен, дваесет земји се поканети, меѓу кои и Македонија но штета, што овојпат ете Купот на Нациите ќе не одмине нас, затоа што имаме само две претставнички. Целта за во иднина е со трет учесник да го обезбедиме местото и во ова натпреварување.

 

ПретходноНавивачите на Шкендија: Молба до Еколог да не се повлекува, тоа е желбата на непријателите на клубот
СледноФИФА одлучи: При интонирањето на химните на Мундијалот, сите репрезентативци ќе бидат на терен