Квалификации за СП – жени: Македонија победнички кај Андора

45
ФОТО:FFM.MK

Женската А – репрезентација на Македонија вечерва на гостувањето во Ла Вела, славеше со 0:1 против домашната селекција на Андора и тоа со голот на Николовска во 86.минута во меч од квалификациите за СП во Лига Ц од 5.коло во групата 3.

Ова е втора победа за составот на селекторот Александар Андов во овој циклус, и втора против Андора, ако се знае дека пред три месеци дома славевме со 3:0.

И Андора и Македонија си имаа свои шанси, сепак на крајот славеа нашите фудбалерки.

Македонија вечерва во Ла Вела настапи со следниот состав:

Панчурова, Ѓорѓиева, Николовска, Петкова, Коловска, Галабовска, Максути, Цветкоска, Грозданова, Величковска, Сулејмани.

Играа и Павловска, Карпузовска, Цветковиќ, Емини..

На вториот меч од групата 3, Унгарија како гостин успеа да слави против Азербејџан.

Па така табелата по 5.коло изгледа вака:
Унгарија 13, Азербејџан 9, Македонија 6 и Андора 1 бод.

На 9 јуни Македонија против Азербејџан во Битола од 19 часот ќе го одигра својот последен меч во овие квалификации.

ПретходноВо Битола „махери“ за народна се „Галактикоси“ и „Дамевци“
СледноЅвзеда на Никс со забелешка за новинар: Арсенал загуби во финале, зошто го носиш тоа ѓубре?