Мрме Ангеловски со супер – деби!

321
ФОТО:facebook.com/fft.tj/

Некогашниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, денеска имаше супер – деби како предводник на А-репрезентацијата на Таџикистан. Имено популарниот Мрме со своите избраници како домаќини, во пријателски натпревар успеа да ја победи Индија со 3:1. Стрелци на головите беа Бобоев уште во 9.минута од пенал, Каримов во 62.минута, неколку минути подоцна Панчисханбе зголеми на и 3:0. До крајот гостите успеаја само да го ублажат поразот со гол во 89.минута.

На Ангеловски ова му беше прв меч како предводник на Таџикистан од како е назначен за селектор пред нешто повеќе од еден месец. Интересно, и втората средба, исто пријателска, ќе биде против Индија на и 9 јуни.

Познато е дека во стручниот штаб на Ангеловски во селекцијата на Таџикистан, се и неговите долгогодишни соработници Милан Илиевски и Иван Јовановски.No description available.

Кога сме кај Игор Ангеловски, да кажеме дека ова му е и добар роденденски подарок од своите избраници ако се знае дека пред три дена, на 2 јуни тој го прослави својот јубилеен 50-ти роденден.

Притоа од репрезентативните на Таџикистан доби на подарок дрес од таа селекција со број 50.

ПретходноХамес Родригез ја стави ќерката на претседателот на Колумбија на „игнор“ (ВИДЕО)
СледноШок на Ролан Гарос: Најголемата сензација се предаде без борба