Стеф Кари закажал средба со Леброн за да го убеди да дојде во Голден Стејт

51
фото: Hoops Alerts (X)

Стеф Кари ќе се обиде да го убеди Леброн Џејсм да потпише за Голден Стејт и да ги здружат силите следната сезона.

Голден Стејт Вориорс во наредните недели ќе разговараат со кошаркарот на Лејкерси, кој станува слободен агент во меѓусезоната 2026 година, објави инсајдерот на „Клачпоинтс“, Брет Сигел.

Лидерот на Вориорс, Стивен Кари, наводно планира да се сретне лично со Џејмс овој месец за да разговараат за можноста да играат заедно.

„На почетокот, сè изгледаше крајно неверојатно, потоа веројатноста беше мала, а сега е повеќе како „во прашање“. Накратко, оваа приказна би можела да се развие“, рече новинарот.

ПретходноСЕКОЈ ДЕН НОВ МИЛИОНЕР! НОВА КАМПАЊА НА ВИДЕОЛОТАРИЈА ЗА ВРЕМЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ
СледноСоопштение во врска со реакцијата на ФК Шкендија: Нема повеќе како досега, интегритетот на натпреварувањата нема цена