Танески си поднесе оставка, Игор Илевски е нов селектор на младинците

76
фото: Ракометна Федерација на Македонија - официјална страница (FB)

Ракометната федерација на Македонија ја потврди оставката на Наум Танески од селекторското место во младинскиот национален тим. За нова предводник на оваа генерација е назначен Игор Илиевски, кој ќе ги преводи млдинците на ЕП во Романија.

„Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по поднесената оставка од селекторската функција на машката младинска репрезентација (М20) од страна на г-дин Наум Танески, за нов селектор на националниот тим е назначен г-дин Игор Илиевски.

Г-дин Илиевски ќе ја предводи машката младинска репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство за играчи до 20 години, кое ќе се одржи во Романија.

Ракометната федерација на Македонија му се заблагодарува на г-дин Наум Танески за неговиот ангажман и придонес во работата со младинската репрезентација, а на г-дин Илиевски му посакува успешна работа и многу успех на претстојното Европско првенство“, се вели во соопштението на РФМ. 

ПретходноСтанковиќ јуниор дефинитивно во Интер
СледноЛеклер со најдобар круг го отвори Формула 1 викендот во Монте Карло