Изминативе неколку дена завршија фудбалските возбудувања во Македонија во сите категории од највозрасни до најмлади. Многу победници, многу пехари и прослави за направените успеси. Фудбалската јавност е фокусирана кон елитата и случувањата во Првата лига иако интересот е голем и во пониските рангови, во младинските натпреварувања и регуоните. Но, постои тренер за кого овие денови се жетва на успеси, трофеи и признанија.
Јован Трајков е гтренерот кој со екипата на Еуромилк Горно Лисиче стана првак во северниот регион, играше бараж со Каменица Саса и тој го победи со што ја врати скопската екипа во Втората лига. Трајков во зимската пауза го превзема тимот од Горно Лисиче со кој ги освои двете можни титули – првенствената и баражот.
Но, тој паралелно остана и да ги води помладите пионери на ФК Вардар со кои ја освои државната титула но и Купот на Македонија. Вкупно четири тутули за стратегот кој работи тивко, од сенка и секогаш вредно! Трајков го собра трофеите но и се предизвика самиот себеси за наредната сезона.
Тешко е да се дојде до вакви резултати во земја во која сите се селектори.










