Благојче Трајкоски се враќа во родниот Прилеп

109

Прилеп во следната сезона на голот ќе го има Благојче Трајкоски, кој се враќа во својот роден град. Искусниот чувар на мрежа доаѓа од тимот на Бутел Скопје.

„Со особено задоволство го најавуваме враќањето на прилепчанецот Благојче Трајкоски во својот роден град и во дресот на РК Прилеп.

Зад себе има богата и успешна кариера, настапувајќи за екипите на Куманово, Радовиш, МАКС Струмица, Охрид, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје. Трајкоски беше и дел од македонската репрезентација на Светското првенство во Франција во 2017 година.
Со своето огромно искуство, лидерски квалитети и безброј натпревари на домашната и меѓународната сцена, Благојче ќе претставува значајно засилување за нашиот тим во претстојната сезона“, велат од РК Прилеп. 

ПретходноЛеклер со најдобар круг го отвори Формула 1 викендот во Монте Карло
СледноНавивачите на Шкендија: Молба до Еколог да не се повлекува, тоа е желбата на непријателите на клубот